PharmaRolly LLC од областа на фармацевтска индустрија
има потреба од вработување на:

Оператор во производство (Чисти Соби)

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование;
  • Претходно работно искуство во иста или слична дејност (фармација, болница, прехранбена индустрија) се смета како предност.

 Работни задачи:

  • Извршува работни задачи во Производство согласно планот на Раководителот на Производство;
  • Пријавува било каква девијација од воспоставените Стандардни Оперативни Постапки за работа на Раководителот на Производство;
  • Секојдневно одржување на целата опрема за непречена работа, како и отстранување на било каква нечистотија или отпадоци;
  • Пополнување на документација поврзана со производствениот процес;
  • Прецизност и точност во извршувањето на работните задачи.

 Што нудиме:

  • Одлични работни услови;
  • Можност за напредување и надградување;
  • Колегијална и пријатна работна атмосфера;
  • Работење во странска компанија со модерен начин на работење.

Дополнителни информации:

Доколку ги исполнувате горенаведените квалификации, Аплицирајте за позицијата преку белото копче Аплицирај.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на разговор.