Како млад човек кој за прв пат се вработува треба да си информиран дека работодавачот покрај платата која ќе ти ја исплаќа на твојата сметка, за тебе како вработен ќе уплаќа и средства за пензиско осигурување. Од овие средства во иднина ќе ти се исплаќа твојата месечна пензија. Токму затоа треба навремено и правилно да се информираш за пензискиот систем и за твоите права.

Порано во нашата Држава постоеше еден државен пензиски фонд (ПИОМ) кој функционираше на принципот на генерациска солидарност. Социо-економските промени, демографските промени со стареењето на населението, а со тоа и влошувањето на соодносот на бројот на вработени лица и бројот на пензионери, ги направија неодржливи солидарните пензиски фондови. Од тие причини реформираниот пензиски систем во нашата Држава е поставен на три столба.  Во 2006 година воведен е втор столб, задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, а во 2009 година започна да функционира  и третиот столб, доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Сите кои за прв пат ќе се вработат, а се помлади од 40 години, се задолжителни членови во првиот пензиски столб и во вториот  пензиски столб.

Кога за прв пат ќе се вработиш, твојот работодавец ќе започне да ти исплаќа плата и придонеси на плата. Еден таков придонес е и  придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, кој ќе се дели на два дела. Еден дел од 12,8% од твојата бруто плата ќе оди во првиот пензиски столб (државниот), а другиот дел од 6% ќе оди во вториот, приватен пензиски столб.

Веднаш кога прв пат ќе се вработиш, по метод на случаен избор, ти ќе бидеш времено распределен во еден од приватните пензиски фондови и ќе имаш право во рок од 90 дена да одбереш во кој приватен пензиски фонд ќе членуваш, право кое се остварува доколку во тој рок потпишеш договор за членство со агент на некое пензиско друштво. Во фондот во кој ќе бидеш член ќе имаш своја лична пензиска сметка на која се акумулираат придонесите и приносот од инвестирањето на средствата.  

Од страна на пензиското друштво кое управува со фондот во кој ќе бидеш член, еднаш годишно во Зелен плик на домашна адреса или по електронска пошта (e-mail) ќе добиваш Годишен извештај за твојата пензиска заштеда во вториот пензиски столб. Сава пензиско друштво а.д. Скопје управува со задолжителниот пензиски фонд, Сава пензиски фонд. Доколку станеш член на Сава пензиски фонд со твоите средства активно ќе управува високостручен, професионален тим со лиценци за работа во  областа на инвестиции и управување со ризици. Дел од твоите средства ќе се инвестираат и во најпознатите светски компании како што се Apple, Starbucks, Microsoft и други. Повеќе информации во однос на тоа како да станеш член во Сава пензиски фонд можеш да најдеш на https://www.sava-penzisko.mk/, на нивниот контакт број 02/15-500 или да им пишеш на [email protected]

Дополнително, Сава пензиско за своите членови изработи и мобилна апликација Сава Пензиско План. Преку мобилната апликација членовите имаат можност да ги следат уплатите на придонеси, да имаат увид во состојбата на својата индивидуална сметка, како и пристап до сите други информации поврзани со пензиската заштеда.

 

*Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk