AIESEC
е светска студентска организација, предводена од млади луѓе и наменета за млади. Организацијата е присутна во 114+ земји, меѓу кои и Македонија и се стреми кон активирањето на лидерството кај младите уште од 1948 година!

Шансата да станеш дел од најголемата студентска организација е сега, бидејќи регрутацијата официјално започна!

Што ви нудиме ние како организација?

AIESEC е вистинското место за да го направиш првиот чекор кон подобра верзија од себе си! Па, доколку си студент/ка и сакаш да:

  • Го искористиш својот потенцијал;
  • Ги развиеш своите лидерски вештини;
  • Научиш повеќе за: маркетинг, менаџмент, човечки ресурси, финансии и бизнис развој;
  • Стекнеш многу пријателства и незаборавни моменти;

Или пак, поседуваш некој од наредниве карактеристики:

  • Амбициозност и желба за развој на своите лидерски способности;
  • Проактивност и храброст за остварување на својот потенцијал;
  • Сакаш да направиш позитивна промена во општеството и да помагаш на останатите луѓе;

Започни ја промената преку приклучување на нашата мрежа! Аплицирај на следниов линк bit.ly/RecruitmentAppForm

Регрутацијата трае до крајот на јануари! Дознај повеќе на нашите социјални мрежи!