ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар.

Како најбрзорастечка банка на пазарот, Халкбанк АД Скопје денес значи и:

  • Четврта најголема банка на пазарот според актива, која изнесува 935 милиони евра.
  • Четврта банка по големина на профит, кој изнесува 11,4 милиони евра.
  • Присутност насекаде во земјата, нудејќи услуги на клиенти преку широка мрежа на филијали која вклучува 43 филијали.
  • Вработување за над 620 вработени.
  • Широка мрежа на банкомати од 133 банкомати.
  • Мрежа од над 7.000 ПОС-терминали достапни кај бројни трговски партнери.
  • Опслужување на илјадници граѓани, како и мали, средни и корпоративни претпријатија и јавни институции.
  • Лидери во понуда на персонализирани банкарски услуги, како и во воведување на нови технологии и обезбедување на брза услуга преку високоразвиена, модерна платформа на алтернативни канали.
  • Општествено одговорна компанија која е посветена кон зголемување на општото добро за Луѓето, природата, средината, културата и спортот. 

Банката нуди широк асортиман на финансиски услуги, вклучувајќи персонално банкарство, кредитни картички, станбени кредити, потрошувачки кредити, штедење, бизнис кредити, како и платен промет во земјата и во странство.

МИСИЈА

Нашата мисија е да создаваме вредност за нашите клиенти, акционери и вработени преку ефикасно нудење на сите банкарски услуги; да бидеме свесни за нашата корпоративна општествена одговорност и должност; да придонесуваме за развојот на банкарскиот сектор и пазарот на капитал; како и да постигнеме почитувана позиција на пазарот во регионот.

ВИЗИЈА

Нашата визија е да бидеме водечка банка во регионот што е способна да ги изврши сите барања на универзалното банкарство додека афирмираме силно присуство во услугите во доменот за население.

НАШИТЕ КОРПОРАТИВНИ ВРЕДНОСТИ

  • Насоченост кон клиентите
  • Сигурност
  • Интегритет и почит
  • Правичност, доверба и транспарентност
  • Оперативна ефикасност
  • Иновативност
  • Создавање вредности
  • Продуктивност
  • Отвореност кон промени
  • Споделување на знаењето и искуството
  • Свесност за општествена одговорност

ХАЛКБАНК – значење на името: Банка на луѓето

Наш слоган: Важни се луѓето

НАШИ ГЛАВНИ ПРИНЦИПИ:

  • Да понудиме одлична услуга за наште клиенти, предложувајќи им ги најдобрите решенија за нивните потреби.
  • Да создаваме и да применуваме успешна корпоративна култура, давајќи му на значење на секој член од тимот кој го градиме.
  • Седиште
    Скопје
  • Локација
    Бул. "Св. Кирил и Методиј" бр. 54 1000 Скопје
  • Основана
    1993 година
  • Категорија / Индустрија / Сектор
    Банкарство
  • Големина
    620 вработени

КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ


Доброто корпоративно управување придонесува за одржлив економски развој, подобрување на деловните резултати, оперативна ефикасност, намалување на трошоците, зголемување на вредноста на средствата и подобра репутација на компанијата. Сите овие сегменти се круцијални за успешно работење на еден стопански субјект, вклучително и на банка.

Токму затоа, Халкбанк спроведува практики за корпоративно управување  ориентирани кон одржливост бидејќи тоа овозможува натамошен напредок. Корпоративното управување помага да спроведуваме стратегија за одржливост на бизнисот, да управуваме со процесите на поставување цели и известување, да ги зајакнуваме односите со надворешните засегнати страни и да обезбедуваме целосна одговорност.

Ваквите практики се базираат на нашата силна грижа за иднината што нé поттикнува да бидеме општествено одговорни и иновативни, бидејќи токму овие работи обезбедуваат одржливост. Во нашето работење клучни се неколку аспекти: финансиски резултати, организациска култура, општествено влијание и влијание врз животната средина.

Стратешка цел на банката од почеток на функционирање на македонскиот пазар беше станување една од водечките банки во секторот со остварување стабилен раст, општествено-дговорно работење и високо ниво на профитабилност. Зацртаните цели перманентно ги остваруваме и како најбрзорастечка банка за релативно кус период успеавме да станеме четврта најголема банка во земјава и една од системски важните банки. Притоа, со оглед дека живееме во време кога дигитализацијата зема сè поголем замав и има директни импликации во сите сфери на економијата, настојуваме да ги следиме овие трендови и сме вистински промотор на технолошки промени. Технолошкиот развој имплицира нова конкуренција за банкарскиот сектор и потенцијално канализирање на крајните корисници кон нови посредници во извршувањето на трансакциите и порамнувањата, од каде што се очекува и поголема ефикасност и намалување на трошоците.

За нас, 2019 година ќе остане запаметена и како година во која го направивме првиот чекор во насока на создавање институција која во иднина ќе стане препознатлива како финансиски супермаркет.

Халкбанк има воспоставено систем на функционирање во кој доаѓа до израз мотото на банката – Важни се луѓето. За нас приоритет се задоволни клиенти и задоволни акционери. А сето тоа не е можно без добро обучени вработени, што се постигнува со организирање внатрешни обуки за подобрување на работењето. Банката е препознатлива и по својата општествена одговорност давајќи постојана поддршка на проекти кои придонесуваат за развој на заедницата, со посебен акцент врз поттикнувањето здрави животни навики и заштита на животната средина.

Имаме за цел да сме таму каде што е растот, овозможувајќи им на деловните субјекти и економијата да напредуваат и истовремено да помагаме на луѓето да ги исполнат своите надежи и да ги реализираат своите амбиции. Градење силни односи со заинтересираните страни помага да ја испорачаме нашата стратегија во согласност со долгорочните вредности и управување со бизнисот на одржлив начин.

ВАЖНИ СЕ ВРАБОТЕНИТЕ


Важни се вработените и важно е нивното задоволство. Суштината и најголемата вредност на Халкбанк се нашите вработени. Со нивниот придонес кон развојот на банката, стануваат дел од самиот раст и ја делат истата визија за создавање на најдобрата и најуспешната банка. Во долгорочната стратегија на банката тие се еден од најсилните столбови. Токму затоа наш приоритет останува континуирано да го зголемуваме нивното задоволство на повеќе начини и преку создавање разни можности.

Моментално во банката броиме 620 вработени со различна квалификациона и образовна структура соодветно потребите.

Како дел од развојната стратегија на банката спроведуваме бројни активности со кои се стимулира личниот професионален развој на вработените. Создаваме тематски и таргетирани обуки, креирани врз основа на обемното искуство што го поседуваме како дел од Групата Халкбанк и know-how експертизата.

Секој нововработен уште на самиот почеток е вклучен во воведна обука преку која се зголемува компетентноста, знаењето и професионалноста во однос на активностите на банката и фокусот на работата.

Во насока на усовршување на стекнатите работни квалификации и вештини, вработените од банката учествуваа и на надворешни обуки, конференции, работилници, советувања и семинари со реномирани предавачи и едукатори.

Преку тренинзите, обуките и семинарите, дали внатрешни или надворешни, го стимулираме и поттикнуваме професионалниот развој на вработените, но исто така добиваат и можност за откривање на своите дополнителни таленти и афинитети во рамките на банкарската професија. На тој начин нивните знаења и професионален успех ги носиме на следното ниво и заедно отвораме нови перспективи за раст и развој на банката.

Вредностите кои вработениот ги стекнува со неговото вклучување во брендот на Халкбанк, постојано се обидуваме да ги зголемиме и прошириме. Покрај финансиски така и со пакети за приватно здравствено осигурување, спорт, систем на наградувања и слично.

ОПШТЕСТВЕНО АКТИВНИ, КОРПОРАТИВНО ОДГОВОРНИ


Како дел од ова општество, Халкбанк создаде вредности кои го унапредуваат секој аспект од општественото живеење. Овие вредностите се базираат на општествените состојби и процеси во социјалниот и културниот живот, кои на секој можен начин се обидуваме да ги поддржиме и да помогнеме во нивното етаблирање на повисоко ниво во општествениот живот.

Дел како наша одговорност и обврска кон заедницата, но многу повеќе како наше верување, филозофија што може да го промени животот, да даде дополнителен квалитет и да отвори нова перспектива, општествената одговорност и ангажираност однос кон заедницата за нас подразбира предизвикување и создавање позитивни промени. Произлезено од ваквото верување создадовме практика на корпоративна одговорност во форма на поддршка на различни културни, образовни и спортски проекти и настани. Заложбата за промоција на овие вредности е во согласност и со нашата  корпоративна платформа  „Важни се луѓето“, со која на секого му се оддава признание како на важен поединец.

Едно од нашите силни убедувања е дека спортот создава трајни придобивки, за сите генерации. Токму затоа ние сме и еден од најголемите поддржувачи на спортот, со што влијаеме на ширење на здравите животни навики кои носат добро како за секој поединец, така и на заедницата во целина, и затоа и мобилна апликација HalkEco е во насока на промовирање на спортот и здравиот живот. Соодветно на своите уверувања, Халкбанк е поддржувач на машката и женската македонската ракометна репрезентација. Препознавајќи и признавајќи ги темелите на спортскиот успех, посветеност, натпреварувачки дух и тимска работа, банката се поистоветува со истите и го гради и сопствениот успех.

Освен во делот на спортот, ХалкБанк е голем поддржувач и на културата во земјата бидејќи таа, заедно со спортот, е најдобар амбасадор на секоја земја. Традицијата е еден од најцврстите столбови на една заедница а една од најдолгите традиции во Македонија што остава видливи траги и на меѓународно поле има Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Халкбанк низ годините ја дава поддршката на овој фестивал со што го дава својот значаен придонес за развојот на филмската уметност. Тука се и низа други културни манифестации чија вредност ја препознаваме и со задоволство ја истакнуваме.

Нашата корпоративна платформа “Важни се луѓето” е извор за многу наши активности и мотив за дејствување во општествените сфери. Но токму заради значењето на луѓето, сите граѓани и давањето на поголемо значење на секојдневните животни текови, ги реновиравме мостовите во Градскиот парк и изградивме зелено катче за сите возрасти во ТЦ Лептокарија. Се вклучуваме и во разни организирани платформи за помош на социјално загрозени категории низ разни начини на поддршка од страна на нашата банк и персонал.

Нашето внимание останува фокусирано на сите општествените појави и следење на состојбите што нè опкружуваат. Врз основа на ова реагираме, покренуваме иницијативи, организираме пошироки акции и ја градиме нашата општествена одговорност, со цел да помогнеме и да предизвикаме позитивна промена во заедницата или кај поединецот, затоа што за нас навистина и најмногу важни се луѓето.

БОНУС ПРОГРАМА

СИСТЕМ НА НАГРАДУВАЊЕ

ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

ТРЕНИНЗИ И ОБУКИ

МОЖНОСТ ЗА РАЗВОЈ НА КАРИЕРА

СИНДИКАЛНО ЗДРУЖУВАЊЕ
И ПОЧИТУВАЊЕ

СИГУРНОСТ

ИНТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА
И МЕЃУСЕБНА ГРИЖА

ПОДДРШКА

НАВРЕМЕНО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ ВО ИНТЕРЕС НА ВРАБОТЕНИТЕ

Нема активни огласи во моментот...