• Седиште
    Скопје
  • Локација
    ул. Лазар Личеноски бр.11
  • Основана
    2006
  • Категорија / Индустрија / Сектор
    Енергетика

Насочени кон исполнување на очекувањата на нашите корисници, вработените петставуваат наш најзначаен ресурс.
ЕВН Македонија е компанија со амбициозни цели за чие исполнување се потребни одговорни и иновативни луѓе подготвени на нови предизвици кои преку примена на своите идеи и знаења ќе бидат ориентирани кон остварување на поставените задачи и заеднички цели. Компанијата на своите вработени им нуди можности за обука, дообука, личен развој, стекнување нови искуства и напредок во кариерата во исклучително пријатна атмосфера со изразен натпреварувачки и тимски дух.

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од ЕВН Македонија!

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија на [email protected] испратете ја вашата куса биографија (CV), фотографија и придружно писмо (на македонски и англиски јазик). Доколку конкурирате на конкретен оглас, тогаш во предметот назначете за кое работно место се пријавувате. Вашите податоци ќе бидат третирани со најстрога дискреција. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.
Доколку се согласувате Вашите податоци да се чуваат во Одделот за човечки ресурси потребно е да пополните изјава за лични податоци и да ни ја испратите заедно со апликацијата. Во спротивно согласно со Законот за заштита на лични податоци, по обработката тие ќе бидат избришани/уништени. Сите добиени податоци што ќе се чуваат во Одделот за човечки ресурси ќе се обработуваат единствено за потребите на процесот за регрутација и селекција на кадар и ќе се чуваат во временски период од една година.

Како компанија со големо искуство ЕВН Македонија го разбира значењето на човечкиот капитал, континуирано се грижи и вложува во развојот на потенцијалот на сопствените човечки ресури. Во стратегијата на компанијата за одговорно управување вработените се важен сегмент. Грижата за нив секогаш е на прво место. Со цел да се постават вистинските луѓе на вистинско работно место ЕВН Македонија има спроведено повеќе активности и проекти. За дел од нив компанијата има добиено признанија за одговорно работење.

ЕВН Македонија Академија
Во рамки на Одделот за човечки ресурси е формиран тим за обука и дообука – ЕВН Македонија Академија, која се грижи за едукативниот развој и стручната надоградба на своите вработени, што воедно значи развој и напредок на компанијата во целост. Имено иднината и развојот на Компанијата се во тесна корелација и зависат од нивото на развој на вработените. За успешно работење не се доволни само компетенциите кои работниците веќе ги поседуваат, туку неопходно е нивно натамошно усовршување и унапредување кое произлегува од потребата за успешно справување со работните задачи. Колку повеќе потенцијал и подготвеност за развој имаат работниците, толку повеќе можности и стојат на располагање на компанијата.

Денес е поважно од било кога да имате партнер во кариерата на кој можете да сметате, компанија која нуди можности и перспективи за личен и професионален развој како во земјата така и во меѓународни рамки. Ние Ви ја нудиме таа можност.

Програмата овозможува вработување во времетраење од една година на студенти во последната студиска година или дипломирани кандидати.
Учесниците во програмата специјализираат во одредена област во согласност со образовниот профил и ротираат во повеќе организациски единици под континуиран надзор од ментори кои се искусни професионалци. Притоа преку конкретни активности и задачи тие за краток период ја запознаваат компанијата и се здобиваат со значајно искуство и вештини. На крајот на програмата постои можност за вработување на најдобрите учесници.
За успехот на оваа програма најдобро говорат над 100 нејзини учесници кои денес се дел од тимот на ЕВН Македонија како специјалисти или раководители.
Доколку сметате дека имате потенцијал и желба за високи постигнувања доставете ни биографија и мотивационо писмо на [email protected] или аплицираjте веднаш online.

Програма за практикантска работа
ЕВН Македонија е компанија која во целост го поддржува образовниот процес и нашата поддршка е изразена преку можноста за практикантско искуство во нашата компанија. По детално разгледување на сите аспекти, ги согледавме бенефитите кои компанијата би ги имала преку ангажирање на практиканти. Тие претставуваат извор на високо мотивирани, се уште не изградени професионалци, кои можат да се развијат токму според потребите на компанијата, што е докажан начин за ангажирање и оценување на потенцијални вработени. Од друга страна со нашата понудена експертиза, може да придонесеме во развојот на образовниот систем во согласност со потребите на пазарот на труд.

Во 2009та година ЕВН ги отвори своите врати за млади и перспективни студенти кои сакаат да се стекнат со практично искуство во нашата компанија.

Изборот на практиканти е по пат на телефонско, индивидуално или групно интервју. Во зависност од образовниот процес практикантите се распределуваат во соодветна организациска единица.
Праксата е во интервал од еден месец во летниот период во јули, август и септември.
За успешноста на програмата сведочат голем број на практиканти, како и фактот дека повеќе од 30 тина учесници во програмата за практикантска работа се веќе вработени и се дел од тимот на ЕВН.
Програмата за практикантска работа на ЕВН е наградена за Општествено одговорна практика од страна на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата.

Програма за стипендирање на студенти од електротехничка струка
Со цел да се мотивираат младите да го продолжат своето образование во енергетскиот сектор, а воедно и да се развие човечкиот капитал и неговиот квалитет ЕВН беше првата енергетска компанија која во 2009-та година започна со доделување на стипендии на студенти од ФЕИТ, следната година програмата ја проширивме и за студенти на УКЛО.
Оттогаш и интересот за запишување на овие насоки значително се зголеми. Студенти што успешно ја започнуваат студиската година и ги исполнуваат поставените критериуми се потенцијални приматели на стипендија.

Има резултати во премиум огласи