DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith  ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија. Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.

Повеќе информации на www.dssmith.com

ДС Смитх како компанија става голем акцент на грижата за своите вработени, нивниот развој, напредување и усовршување на работното место. Го цени трудот на вработените и спроведува различни активности за подобро тимско работење, остварување на стратегиските цели и секојдневно живеење на корпоративните вредности.

Ги охрабруваме сите кои бараат работодавач како DS Smith да аплицираат на отворенитe огласи, спремни сме да обучуваме нови колеги и да допринесеме за растот и развојот на компанијата!

  • Седиште
    Скопје
  • Локација
    ул. 1632 бр. 1
  • Категорија / Индустрија / Сектор
    Производство

 

Ако сакате да станете дел од оваа амбициозна култура и вистински да напредувате во кариерата, ако сметате дека DS Smith е работодавачот кој го барате аплицирајте на [email protected]

За какви било прашања поврзани со вработување, испратете електронска порака на [email protected]

Слободните работни места можете да ги погледнете во табот Сите активни огласи.

Пет причини зошто да работите за DS Smith?

Направи разлика – ги охрабруваме нашите вработени да размислуваат и да делуваат и надвор од секојдневното

Нашиот континуиран раст – двојно зголемување на нашата компанија, иако работиме со светски познати компании, имаме еднаков третман и кон помалите клиенти на кој им помагаме секојдневно

Иновации во водечка компанија – охрабруваме и постојано бараме подобри начини на работење, секоја нова идеја е добредојдена

Глобални можности – нашето единствено позиционирање во сите дивизии обезбедува глобални можности за сите кој ја имаат таа амбиција

Одржливост – охрабруваме постојано на нови идеи за да го подобриме нашиот дизајн, иновации и претприемништво.

Ние се обидуваме не само да привлечеме, туку и да ги задржиме талентираните и амбициозни ентузијасти за пакување, посветени на олеснување на товарот на нашите клиенти.

Со тим од над 30.000 ентузијасти за амбалажи низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и отчетност.

Нашата развојна политика е да ја задржиме лидерската позиција на македонскиот пазар како и да го зголемиме својот удел во соседството кое нешто може да го направиме со: создавање на партнерски односи со купувачите, развој на иновативни решенија, флексибилна и лесно прилагодлива организација, мотивација и едуцирање на вработените и одговорно работење со цел обезбедување на одржлив развој на компанијата и заедницата.

Нашата визија

Да бидеме водечки снабдувач на одржливи решенија за амбалажа.

Во DS Smith градиме подобар бизнис фокусиран на обезбедување на одржлива вредност за сите заинтересирани страни. За нас навистина одржлива вредност се создава кога се балансираат потребите на нашиот бизнис, нашата околина и нашите вработени.

  • Нашиот бизнис

– Создавање заедничка вредност преку одговорно рециклирање, хартија и амбалажа.

  • Нашата околина

– Минимизирање на нашето влијание од дизајн до производство и снабдување во рециклирањето. 

  • Нашите вработени

– Осигурување на безбедност и здравје при работа, која секогаш е на прво место, развој на вработените и придонес за нашето општество.

Нашите пет корпоративни  вредности се: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме и да сме упорни.

 да се грижиме

– Се гордееме со тоа што го правиме и да се грижиме за нашите луѓе и за светот околу нас

 да си задаваме предизвици

– Не се плашиме конструктивно да се предизвикуваме еден со друг и нас самите за да најдеме подобар начин за во иднина

 да ни веруваат

– Секогаш може да ни се верува дека ќе ги исполниме нашите ветувања

 да реагираме

– Бараме нови идеи, разбираме и брзо реагираме на можностите

  да сме упорни

– Ги завршуваме работите


Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксата на компанијата.

Нашата организациска култура се заснова  на развој и унапредување, ангажираноста е една од клучните компоненти кој придонесуваат за остварување на развој и напредок на сите полиња.

Сметаме дека нашите вработени се тие кој што можат да направат разлика и конкурентска предност. Постојаната грижа за развој на вработените, соодветни обуки, мотивациски програми, можност за интернационално know – how, тимско дружење, грижа за безбедност и здравје при работа се само дел од нашето вложување за унапредување на процесите и развој на вработените.

 

Доколку сте ориентирани кон тимска работа, мотивирани и желни за нови знаења и сте приврзаници на квалитетно и одговорно работење, не двоумете се и уште денес започнете ја вашата кариера во DS Smith.
 

DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн на амбалажата и локалната услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот.

Нашите купувачи сакаат посеопфатни решенија за своите потреби за амбалажа, иновации и процеси што им помагаат да ги намалат отпадот, трошоците и комплексноста од нивните ланци за испорака. Користејќи ја нашата експертиза за области, од дизајнот преку производството, испораката и рециклирањето, во состојба сме да понудиме висок квалитет, еколошки иновативни решенија и одлична услуга што е ориентирана кон комплетните потреби за амбалажа на нашите купувачи, а не само кон еден дел. Ова го нарекуваме ‘Supply Cycle Thinking’. Тоа е обединет пристап за отстранување на комплексноста од нашите ланци на испорака и нивно поедноставување Со нашата посветеност кон клиентите, променувајќи ја нашата стратегија ние им помагаме: Да ги зголемат нивните продажби, Да ги намалат нивните трошоци, Да менаџираат со ризиците.

На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање, и хартија. Во нашата земја е застапенa дивизијата  амбалажа. DS Smith делува во 30 земји и брои околу 30.000 вработени на глобално ниво.

Во Македонија компанијата е формирана во 1947 година и во моментот брои околу 150 вработени ентузијасти и таленти.

Повеќе информации на www.dssmith.com

ДС Смитх како компанија става голем акцент на грижата за своите вработени, нивниот развој, напредување и усовршување на работното место. Го цени трудот на вработените и спроведува различни активности за подобро тимско работење, остварување на стратегиските цели и секојдневно живеење на корпоративните вредности.

Ги охрабруваме сите кои бараат работодавач како DS Smith да аплицираат на отворените огласи, спремни сме да обучуваме нови колеги и да допринесеме за растот и развојот на компанијата!

[email protected]

Нема активни огласи во моментот...