Третата годишна Конференција за е-трговија на тема „E-трговија & COVID-19: предизвици и можности!” ќе се одржи на 25-ти и 26-ти ноември, 2020 година.

Оваа година, во фокус ќе бидат ефектите од глобалната Ковид пандемија врз растот на е-трговијата, а над 30 врвни експерти од целиот свет ќе го споделат своето знаење и искуство со учесниците. Третата годишна конференција за е-трговија има за цел да го разоткрие и пренесе потенцијалот на е-трговијата, особено во време на глобална пандемија.

Знаејќи дека промените се тешки, но неизбежни за раст и развој, со насловот „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“ ќе ги опфатиме најактуелните теми како: адаптацијата кон е-трговијата за време на ковид-19, искуството на е-купувачите, нивната безбедност и можностите кои ги нуди прекуграничната е-трговија. 

Подгответе се да ги дознаете најновите трендови во најактуелната област во 2020 година – е-трговијата, од удобноста на вашиот дом или канцеларија, бидејќи оваа година конференцијата ќе биде комплетно онлајн.

Агендата, заедно со сите останати детали се објавени на официјалната веб страница на конференцијата:
https://www.ecommerceconference.mk/

Побрзајте и регистрирајте го вашето учество, местата се ограничени!