Секогаш бидете информирани за работите од кои може да зависи вашата иднина
Брзото темпо на живот и големиот број на информации понекогаш може да ви го оттргнат вниманието од важите работи од кои зависи вашата иднина. Начинот и квалитетот на живот во иднина во еден дел ќе зависи и од пензијата која што ќе ја добивате. Без разлика колку години имате и уште колку време активно ќе работите секогаш треба да бидете информирани за вашата пензиска заштеда.
Мобилната апликација Сава пензиско план ви нуди можност на вашиот мобилен телефон да ги имате сите потребни информации за вашата пензиска заштеда во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус. Секој член на пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје може да се најави на мобилната апликација и на брз и едноставен начин да има целосен увид во својата пензиска заштеда.
Преку мобилната апликација членовите имаат можност за преглед на состојбата и трансакциите, може да генерираат детален извештај, да ги ажурираат личните податоци и да го променат начинот на известување. Исто така, имаат пристап и до други корисни линкови и информации за работењето и резултатите на пензиските фондови.
Со мобилната апликација Сава пензиско план бидете секогаш информирани преку редовните известувања за уплатени придонеси на вашата пензиска сметка.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
Останати информации
Шансата да станеш дел од најголемата студентска организација AIESEC е сега!
AIESEC е светска студентска организација, предводена од млади луѓе и наменета за млади. Организацијата е... прочитај повеќе
Мобилното банкарство на Халкбанк сега достапно и на AppGallery на HUAWEI
Услугата мобилно банкарство на Халкбанк која овозможува корисниците да имаат увид во своите сметки и... прочитај повеќе
Далма Фоод и Кетеринг Сервис 15 години испишува успешни приказни во доменот на кетеринг и организација на настани
„Во текот на годините опслуживме над 30.000 настани, од највисоки државнички церемонии, конгреси и самити,... прочитај повеќе