ИНФИНИТИ Енерџи и ИТСС – дел од групација која ја создава дигиталната иднина
Дигиталната иднина мора да биде достапна за сите – ова е клучната идеја која ја води компанијата ИНФИНИТИ Енерџи и ИТСС од Скопје, како дел од групацијата Infinity International Group.
Желбата и намерата да се биде подобар, поквалитетен, поинаков и поконкурентен на регионалниот и европскиот пазар резултираше со формирање на групацијата која со својот иновативен пристап е подготвена да одговори на современите предизвици.
Согледувајќи ги потребите на клиентите, Инфинити Скопје ќе понуди современи решенија од областите на информатичка технологија, енергетика, дигитално архивирање и електромобилност, со цел да се подобри деловната и општествената заедница.
Компанијата во моментов има 10 вработени, а планирано е до крајот на годината тимот да се зголеми за 5 пати. „Нашите приоритети се зајакнување на тимот и едукација на кадарот со чие знаење и вештини ќе излеземе на други пазари, бидејќи квалитетен кадар секогаш е потребен.“ Ова е пораката од компанијата која најавува отворање на конкурси за нови работни места.
„Свесни сме дека нашите вработени се нашата најголема сила и вредност. Токму затоа во своите редови очекуваме квалитетни SAP инженери, девелопери и инженери за енергетика. Нашите конкурси ќе бидат објавени на веб страната на компанијата, како и на социјалните мрежи, така што сите заинтересирани лесно ќе можат да ги следат и да се пријават“, вели Дејан Кекеновски, директор на ИНФИНИТИ Енерџи и ИТСС.
Исто така, тој нагласува дека групацијата Инфинити веќе може да се пофали со бројни ИКТ инженери со богато искуство во големи проекти од сите области на развој и имплементација на паметни решенија, што ги отвора вратите кон заеднички настап и уште поквалитетна реализација на проектите.
„Решенијата на групацијата Инфинити досега се имплементирани во јавниот сектор, здравството, електроенергетиката, авиоиндустријата, телекомуникациите, транспортот, малопродажбата и во многу други индустрии. Компаниите членки имаат реализирано повеќе од три илјади сериозни проекти, што кажува многу за нивниот квалитет и подготвеност. Фактот што се работи за компании кои се веќе етаблирани во своите сектори секако ќе придонесе кон побрзо позиционирање и на нашата компанија ИНФИНИТИ Енерџи и ИТСС“, вели Кекеновски.
Тој верува дека имплементацијата на готовите решенија кои членките на Инфинити групацијата веќе ги развија на другите пазари ќе бидат од голема помош за ИНФИНИТИ Енерџи и ИТСС бргу да стане лидер во ИКТ индустријата во Македонија. Со позиционирањето на домашниот пазар, како дел од една поширока, регионална приказна, младиот и амбициозен директор најавува и воспоставување на нови стандарди во работењето.
„Сакаме да бидеме компанија во која секој професионалец ќе препознае можност за личен и професионален развој, а со тоа ќе даде придонес на целото општество, на семејството и на компанијата. Посебен акцент ќе дадеме на општествено одговорно работење кое подразбира грижа за пошироката општествена заедница преку хуманитарни акции и заеднички проекти“, нагласува Кекеновски.
Со влезот на македонскиот пазар, групацијата Инфинити која основаше свои компании и во Австрија и Црна Гора, ќе добие една нова димензија и квалитет. Воспоставувањето на бизнис моделите во овие држави е резултат на јасната цел и визија за консолидирање на знаењата и квалитетите на глобално ниво.
Фактот што ИТ индустријата сама по себе е фокусирана на развој на мрежи кои на компаниите ќе им овозможат независност од географската позиција од која работат, нудејќи им поврзување и размена на знаења и искуства стекнати на различни пазари, групацијата Инфинити го преточи во нејзиниот слоган – Go Far Together. „Одејќи заедно можеме да стигнеме подалеку и да го постигнеме она за кое можеби само сме сонувале“ – е водечката порака на оваа групација.
Останати информации
Комплексот Голд Фелициа – Еден и единствен во Македонија!
Комплексот Голд Фелициа се наоѓа во Битола на Новачки Пат број 14. Овој комплекс е... прочитај повеќе
Единственото Кабаре Шоу во Македонија е во Голд Фелициа Битола
Во склоп на комплексот Голд Фелициа работи единственото кабаре во Македонија кое нуди незаборавни моменти.... прочитај повеќе
КС Сервис, Иновации и квалитет во услугите за сервисирање на станбен и деловен простор
Вo областа на услугите за сервисирање и одржување на станбени и деловни објекти КС Сервис,... прочитај повеќе