Основната цел на воспоставување на соработка помеѓу АИЕСЕК и Аплицирај.мк е во доменот на информирање на студенти и млади за кариерни и едукативни можности како и корисни информации за академскиот и професионалниот развој.
 
Преку активности од заеднички интерес, соработката ќе биде насочена кон подобрување на достапноста на информации за можности и активности за студенти и млади кои го градат својот академски и професионален живот, што во крајна линија ќе придонесе за развој и развивање на лидерскиот потенцијал кај младите за развивање на лидерски способности, стекнување со интернационално искуство, градење на глобални конекции со врсници, и збогатување на знаењето преку практични искуства.
 
Прочитајте повеќе за АИЕСЕК на следниот линк и следете ги нивните активности на Аплицирај.мк.