Програмата “Tech as a fuel for transformation”, пат кон иднината!
Во А1 веруваме дека со вистинскиот mind-set, технолошка писменост и ангажираност на вработените ја водиме целата наша работна сила кон дигиталната иднина. Горди сме што ја имплементиравме една од најважните и најголеми развојни програми „Tech as a Fuel for Transformation“, каде учествуваа 186 колеги, директори, раководители, менаџери и експерти од А1 Македонија и А1 Хрватска.
Денес повеќе од било кога во минатото, потребно е да истражуваме нови можности и начини каде и како може да го искористиме целосниот потенцијал на новите технологии за да ги трансформираме нашите процеси, производи, услуги и начини на работа.
Во А1 веруваме дека со вистинскиот mind-set, технолошка писменост и ангажираност на вработените ја водиме целата наша работна сила кон дигиталната иднина. Горди сме што ја имплементиравме една од најважните и најголеми развојни програми „Tech as a Fuel for Transformation“, каде учествуваа 186 колеги, директори, раководители, менаџери и експерти од А1 Македонија и А1 Хрватска.
Целта на програмата беше да се зголеми нивото на знаење на вештините потребни за иднината и на тој начин да се стимулира деловната трансформација преку идентификување на вистински примери (use-cases) со цел одржување на динамиката со новите технологии кои се во фокус во A1 и тоа: 5G, Data Analytics & AI, Digital & Growth Marketing. Учесниците го унапредија своето знаење за новите технологии, за нивните функционалности, работејќи на реални примери и нивна примена во пракса во телекомуникациската и други различни индустрии.
По завршување на едукативниот дел, учесниците номинираа вкупно 88 идеи / вистински примери (use-cases) за искористување на новите технологии во A1. По оваа фаза учесниците беа организирани во 30 тимови составени од колеги од различни оддели од двете земји кои работеа на подготовка на конкретен проектен план и одржаа презентации пред раководниот тим на A1 Македонија и А1 Хрватска.
Заедничкото 4-месечно патување за истражување на новите технологии беше поддржано и во соработка со COTRUGLI Business School и нашите интерни “tech” експерти т.н. „дигитални акцелератори“, кои учествуваа со нивниот врвен ангажман.
Останете љубопитни, следува изборот на проектите кои ќе бидат имплементирани во компанијата во наредниот период.
Ние сме подготвени за дигитална трансформација и развој, а вие?
Слични информации
Можноста за развој и унапредување на вештините во А1 Македонија е уникатна-Драгана Ѓорѓијоска
Моите почетоци во А1 Македонија… Мојата кариера во А1 ја започнав пред една година како... прочитај повеќе
А1 Тим блог: Патувајте со мене во светот на A1 Future Hub – Ана Умерова, експерт за човечки ресурси
Како да се подготвиме за (непредвидливата) иднина? 2020-та година не научи дека светот може да... прочитај повеќе
A1 Македонија ја најавува третата годишна конференција “Women in Digital 2021” со наслов „Моделирајќи го светот со вештачката интелигенција“
Под заеднички наслов „Моделирајќи го светот со вештачката интелигенција“ на 8 април со почеток во... прочитај повеќе